ОН се обидува да овозможат извоз на житарки од Украина

87

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара од Москва да дозволи извоз на житарки од Украина, а за возврат да дозволи извоз на руски и белоруски ѓубрива.

Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и некои други земји, за да го отвори украинскиот извоз и да го избегне недостигот на храна во светот, изјави дипломатот кој бил информиран за оваа ситуација.

Русија ги блокираше црноморските пристаништа на Украина со цел да ја ослаби земјата и да го освои нејзиниот брег, објави „Волстрит журнал“.