ОН во финансиска криза

67

Обединетите нации (ОН) можеби нема да имаат доволно средства за исплата на плати на своите вработени, доколку земјите членки не ги подмират своите долгови.

Ова предупредување го соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

“Овој месец ќе бидеме во најголемиот дефицит за десет години. Ризикуваме во ноември да останеме без доволно пари за исплата на плати. Нашата работа и реформи се во опасност“, вели тој.

Буџетот за 2019 година е над 3,3 милијарди долари, а САД, коишто уплатуваат 22% од буџетските средства, имаат долг кон ОН 381 милиони долари за претходната година и 674 милиони долари за оваа година.

Од буџетот на ОН се покриваат политички и хуманитарни акции, економски, социјални и други активности.

Мировните мисии на ОН се финансираат од друг буџет што изнесува 6,7 милијарди долари за една фискална година.

Фото: Pixabay