Она што треба да го знаете за среќата, успехот… за животот

325

Најдобрите мудри мисли што ќе ви го разубават денот, ќе ви ја осветлат ноќта и ќе ви ги отворат очите и умот.

masa

Фото: Pexels

Одберете битка доволно голема за да има значење, а доволно мала за да победите.

Единствено нешто што доаѓа без труд е староста.

Искуството е најдобра школа, само школарината е премногу скапа.

Позајмувајте пари од песимисти, тие не очекуваат да им ги вратите.

Она што нема да се започне денес, сигурно нема да се заврши утре.

Човекот не може да открие нови океани, ако се плаши да се оддалечи од брегот.

Успех значи да го добиеш она што сакаш. Среќа е да го сакаш она што ќе го добиеш.

Вашите најнезадоволни клиенти се вашиот најголем извор на учење.

Успешен бизнис значи дека некој, некогаш донел смела одлука.

За да можеш да ги водиш другите треба да бидеш подготвен да чекориш напред сам.

Успехот доаѓа кај оној што денес го прави тоа што ти мислиш да го направиш утре.

Aко во животот немаш цел тогаш сигурно ќе бидеш нечија мета.

На животната патека секогаш ќе наидуваме на камења. Од нас зависи дали ќе ги искористиме да изградиме мост и продолжиме понатаму, или ѕид пред кој ќе застанеме.

Денес луѓето ја знаат цената на сè, но не ја познаваат вредноста на ништо.

Во животот нема граници, освен оние што самите ќе си ги поставиме.

Некои луѓе сами си ги создаваат бурите, а потоа се лутат кога ќе заврне.

Луѓето или ве инспирираат или ви ја црпат силата, затоа избирајте внимателно.

Додека едни сонуваат за успех, другите се будни и работат вредно за да го постигнат.

Не постои скратен пат до местото на кое вреди да се појде.

Лесно е да стоиш во толпата, но треба храброст да застанеш сам.

Песимистот се жали за ветерот, оптимистот очекува да го промени правецот, реалистот ги прилагодува едрата.

Ако навистина сакате да направите нешто, ќе најдете начин. Ако не сакате, ќе најдете изговор.

Многу луѓе купуваат работи што не им требаат, со пари што ги немаат, за да импресионираат луѓе што не ги познаваат.

Не размислувајте премногу за да не создадете проблеми што воопшто и не постојат.

Никогаш не правете трајна глупост само затоа што сте привремено вознемирени.

Кога ќе ви се случи нешто лошо, може да ве уништи или да ве зајакне. Изборот е ваш.

Животот е како возење велосипед, за да ја одржиш рамнотежата мора постојано да се движиш.

Во животот не треба да трчаш – доволно е да тргнеш на време.

Кога целосно и безрезервно му верувате на некој, ќе добиете едно од двете – пријател за цел живот или лекција за цел живот.