ОНЕ донираше компјутери за Филхармонија

21

23022012151458_g_one-logoТелекомуникацискиот оператор ОНЕ и донара на Македонската Филхармонија компјутерска опрема за полесно извршување на административните обврски.
Цирил Карфол, главен извршен директор на ОНЕ, истакна дека со оваа донација, компанијата уште еднаш покажува дека работи по принципот на општествена одговорност.
“Праксата на донирање, дарување и помагање за поединци и институции веќе години наназад е втемелена во работната практика на ОНЕ. Со Македонската Филхармонија остваруваме соработка за прв пат, но уверен сум дека таа нема да заврши тука, односно дека и во иднина ќе продолжи”, рече Карфол.
Маја Чанаќевиќ, директор на Македонската Филхармонија, истакна дека компјутерите кои им се донирани се потреба во нивното секојдневие.
“Се надеваме дека оваа донација е само почеток на една успешна и долга соработка и дека во иднина ќе имаме поголеми и посериозни заеднички проекти со телекомуникацискиот оператор ОНЕ, каде заедно ќе ја изразиме грижата кон граѓаните. Со заеднички идеи да го направиме животот музика”, порача за крај Чанаќевиќ.