ОНЕ: Најниска месечна претплата и подарок Samsung Galaxy Trend Life

34

ONE Promo Plus M

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ дава атрактивна понуда за корисниците во мобилната постпејд телефонија. Корисниците добиваат можност да изберат од постпејд промотивните пакети, да зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено да сурфаат на мобилен интернет, а притоа како подарок да добијат и супер Android СМАРТ мобилен телефон.

Промотивниот ОНЕ Promo Plus M постпејд пакет е единствен по своите карактеристики и во моментот е најконкурентен постпејд на пазарот, кој за само 599 денари месечна претплата нуди: неограничени разговори кон сите национални мрежи, неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи, 5 GB мобилен интернет секој месец и Смарт телефон Samsung Trend Lite за 0 денари.

Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.