One: Нова понуда за корисниците на ЏаБест

46

One воведе понуда на пазарот со која корисниците на ЏаБест ќе можат да ги повикаат своите пријатели во ЏаБест друштвото и со тоа начин да добијат бенефиции за целото друштво.

Секој ЏаБест корисник сега може да покани до пет свои пријатели од другите национални мрежи и да добие до 500 денари бонус. И пријателите што ќе се придружат во ЏаБест, односно ќе купат нова ЏаБест SIM картичка или ќе го префрлат својот веќе постоечки број од другите национални мрежи, ќе можат да поканат свои пријатели и да добијат до 500 денари бонус.

ЏаБест корисникот треба само да испрати покана до корисник од друга национална мобилна мрежа со испраќање на SMS порака на бесплатниот број 1415 со текст: POKANI 07XXXXXX

One брои вкупно 200.000 ЏаБест корисници, а секој кој веќе е ЏаБест корисник ги знае неговите придобивки.

ЏаБест нуди бесплатни разговори секој месец помеѓу корисниците на ЏаБест тарифниот модел и најниски цени за СМС и интернет на пазарот.