ОНЕ постави 13 репетитори за зголемување на покриеноста со DVB-T

28

mobile_digital_TV_receiver_DVB_T_tuner Телекомуникацискиот операторот ОНЕ информираше дека за да ја зголеми покриеноста со дигитален телевизиски сигнал, на територијата на Македонија. Заклучно со месец ноември имплементирани се 13 нови репетитори за зголемување на покриеноста со DVB-T сигнал на територијата на земјата.
Со имплементација на новите репетитори, вкупната покриеност со DVB-T сигнал изнесува 94,9% од домаќинствата во Македонија.

“Иако зголемувањето на покриеноста не беше наша обврска согласно тендерот, ОНЕ направи дополнителни инвестиции во DVB-T мрежата, се со цел, граѓаните на Република Македонија да имаат непречен и квалитетен телевизиски сигнал, а со тоа и во поголема мера да се вклучат во дигиталната ера на телевизијата“, вели главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

Со самиот почеток на дигитализацијата, односно од 1 јуни 2013 година, покриеноста со дигитален сигнал на Македонија на ОНЕ беше 92,4%, иако согласно тендерот беа пропишани 80%, се вели во соопштението на компанијата.