ОНЕ промовираше нов атрактивен пакет FIX/NET/TV SMART L

22

Ured-i-elementi-so-antena Фиксна линија со неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа, неограничен интернет со брзина до 10Mbps и два Boom TV уреда со бесплатно вклучени сите канали на SportKlub и HBO, но и таблет Lenovo IdeaTab A1000L за 0 денари, се придобивките на новиот пакет на ОНЕ, FIX/NET/TV SMART L, кој корисниците можат да го добијат по цена од 1.299 денари месечно, велат од ОНЕ.

Новиот пакет во основа нуди три услуги, односно фиксна телефонија, интернет и телевизија, но корисниците кои ќе го одберат ќе добијат и бесплатен wi-fi рутер, два Boom TV уреда или CAM модул со, цели 12 месеци, бесплатно вклучени ТВ канали: SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3, HBO, HBO Comedy и цели 24 месеци Fox, Fox Movies, Fox Life, Fox Crime и подарок Lenovo таблет.

Пакетот е достапен од 4 март и е еден во низата SMART пакети со две и три услуги наменети за нови и постоечки корисници со договор на 24 месеци во резидентниот и во бизнис сегментот.

„FIX/NET/TV SMART L на ОНЕ е во моментов најконкурентен производ на пазарот, а со него нашите корисници освен висококвалитетни и неограничени услуги во фиксна телефонија, интернет и телевизија, добиваат и многу повеќе”, изјави главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.

Новото SMART портфолио на ОНЕ нуди 4 тарифни модели за соло услуги и вкупно 10 пакети, од кои, на корисниците им се на располагање 6 пакети со 2 и 4 пакети со 3 услуги, а истите нудат комбинација на услуги и цена во зависност од потребите на корисникот.