Оnе слави 10 години

29

Вработените на ОНЕ го одбележаа големиот јубилеј на компанијата, една деценија работење на македонскиот пазар. Со компаниски пикник, дружење и забава, вработените го прославија 10-иот роденден на компанијата. На настанот, Генералниот извршен директор на ОНЕ, г. Цирил Кафол им се обрати на своите вработени, честитајќи им го големиот јубилеј:

“Во изминатите 10 години, компанијата растеше, се развиваше, но и се менуваше. Денес оваа компанија успешно работи на пазарот на телекомуникациите и претставува значаен субјект за македонската економија. Уверен сум во блескавата иднина на компанија, имајќи го во предвид човечкиот потенцијал, искуството, иновативноста и професионализмот на вработените.” 

Генералниот извршен директор ги промовираше и награди и 36-те вработени кои во компанијата работат лојално и посветено цели 10 години.

ОНЕ е новото имe на компанијата под кое од 2009 година работат етаблираните компании COSMOFON, ON NET и GERMANOS. ОНЕ е првиот конвергентен оператор во земјата со комплетна понуда на телекомуникациски услуги. Компанијата е членка на Групацијата на Телеком Словенија која е една од најуспешните gрупации во југоисточна Европа со свои подружници во Косово, БиХ, Албанија и 50% сопственост во националниот оператор во Гибралтар,  Gibtelecom.