ОНЕ со нова атрактивна понуда на пакети

20

ОНЕ од петок воведува нови, конкурентни и исклучително атрактивни пакети со две и три услуги.

Пакетот со три услуги Фиџ/Нет/ТВ ТОТАЛ, овозможува користење на фиксна телефонија, интернет и телевизија по апсолутно најниска месечна претплата на пазарот, веќе од 799 денари.

Во зависност од изборот на тарифниот модел во Фиџ/Нет/ТВ ТОТАЛ (С,М,Л или ЏЛ) корисникот има можност да добие: единствена тарифа за разговори кон сите фиксни мрежи, локални и национални повици; вклучени бесплатни минути кон сите национални фиксни и мобилни мрежи; од вклучен бесплатен, до неограничен интернет сообраќај, можност за втор и трет Боом ТВ приемник како и бесплатно префрлување на постоечки фиксен број во мрежата на ОНЕ за сите нови корисници.

Дополнително, пакетите со две услуги нудат можност корисникот да направи комбинација од фиксна телефонија и интернет (Фиџ/Нет ТОТАЛ С и Фиџ/Нет ТОТАЛ М)  или фиксна телефонија и телевизија (Фиџ/ТВ ТОТАЛ).

Нашата предност е во конвергентноста и можноста да им понудиме на корисниците пакет телекомуникациски услуги по исклучително поволни цени. Новата понуда на ОНЕ е најконкурентна на пазарот и убеден сум дека корисниците, освен ценовната, ќе ги препознаат и другите предности на ОНЕ; покриеност насекаде, најдобра мрежа, супер брз интернет, дигитална телевизија со кристално чиста слика и звук и атрактивни ТВ каналиж, истакнува Генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.