Дизајнирана од страна на британската архитектка Заха Хадид станбената зграда One Thousand Museum ќе биде една од најубавите згради во Мајами, Флорида, пишува Designboom.
Комплексот ќе има 62 ката и 83 станови, а ќе вклучува низа луксузни погодности како забавен центар на вода, приватен хелипад, па дури и мирис на просториите според желба.
Цените за становите, чија големина е приближно 430 метри квадратни, се движат од шест милиони долари па нагоре. Нејзината надворешност ќе ја одликува егзоскелет направен од фиберглас и бетон, којшто истовремено ќе дава цврстина и една нова димензија на градбата.
Проектот се очекува да биде готов во 2018 година.