оне.Вип донира 1.000.000 денари за луѓето од погодените подрачја

8

one vip logo

Телекомуникацискиот оператор оне.Вип се вклучува во помош на настраданите подрачја.

Со Одлука на Управниот одбор на компанијата денеска на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ префрлени се 1.000.000 денари наменети за настраданите во подрачјата зафатени со невремето што се случи на шести август оваа година.

“Дополнително, со цел да им овоможи непречена комуникација на припејд корисниците во погодените области кои не се во можност да ги надополнат своите сметки, оне.Вип ќе обезбеди дополнителен бесплатен сообраќај на своите корисници за што ќе добијат известување преку СМС порака. Заради комплексноста на системите кои се потребни за реализација на оваа активност, имплементацијата ќе започне во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението

Истовремено, од страна на вработените на оне.Вип собрани се големи количини на храна, хигиенски материјали, свеќи, чизми, ракавици наменети за кризните подрачја. Колеги на доброволна основа ќе се вклучат и во расчистување и санирање на штетите за која цел ќе бидат ослободени од работа.

Корисниците на оне.Вип во Република Македонија може да донираат по 100 денари повик на бројот за донација на Црвен крст (075/077) 143 400.

Услугите на оне.Вип се достапни. Стручните екипи во зголемен број се на терен и интервенираат при сите проблеми и прекини настанати како последица од невремето.