оне.Вип и Близу се приклучуваат кон најголемата светска волонтерска акција Час на планетата земја, којашто годинава се одбележува на 19 март 2016 година, во периодот од 20:30 до 21:30 часот.
Во знак на поддршка на Час на планетата земја, оне.Вип и Близу ќе ги исклучат светлата во своите работни простории во дирекцијата во Скопје, како и светлечките реклами во повеќе од 50 продажни салони ширум земјата. Кон акцијата ќе се приклучат и вработените од оне.Вип и Близу, како и компаниите кои се дел од Телеком Австрија Групацијата.
Часот на планетата Земја е најголемата светска волонтерска акција која годинава, деветти пат по ред, под мотото Заблескај светлина на климатските промени ќе испрати порака за заштита на животната средина и климатските промени. Оваа сабота, во периодот од 20:30 часот до 21:30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони индивидуалци, бизниси, организации и влади во над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија.
оне.Вип и Близу ги повикуваат своите корисници да го дадат својот придонес кон акцијата Час на планетата земја и со симболично исклучување на светлата да придонесат кон зачувување на животната средина. Исто така, својата еко свесност корисниците можат да ја потврдат и со префрлување на својата хартиена сметка во електронска сметка.