Онлајн купување – тренд во ЕУ

103

Онлајн купувањето станува сè попопуларна алатка во рамки на Европската унија. Според Eurostat, потрошувачите ги ценат предностите од онлајн купувањето, како што можност за купување во било кое време и било каде, пристап до поголема палета на производи и можност за споредување на цените.

Дури 60% од луѓето во ЕУ што се на возраст од 16 до 74 години купувале преку интернет во текот на минатата година, додека тој процент 10 години претходно беше 32.

Жителите на Данска најмногу купуваат преку интернет – дури 84%. По нив следат: Велика Британија со 83%, Холандија 80%, Шведска 78% и Германија 77%.

Фото: Pexels