Онлајн средба Ангеловска – Брнз за економската ситуација во земјава во услови на корона криза

26

Министерката за финансии Нина Ангеловска оствари онлајн средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз на која стана збор за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од Covid-19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.

На состанокот, министерката за финансии Ангеловска информираше и за тековната состојба на економијата и соочувањето со Covid-19 кризата. Таа посочи дека земјата веќе ги реализира двата сета на антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет на мерки, кои ќе бидат дизајнирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување.

Од двете страни беше афирмирано долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.