Онлајн трговијата ќе ја промени облеката што ја носиме

42

Експертите сметаат дека по завршување на пандемијата, луѓето ќе им се вратат на трговските центри, бутици и продавници, но нема да запре и трендот на онлајн купување.

Според GlobalData, над 40% од облеката и обувките и понатаму ќе се купуваат преку интернет, во споредба со помалку од 30% колку што имало пред пандемијата.

Се проценува дека облеката што во иднина ќе се купува онлајн ќе биде во посветли бои, порастеглива и изработена од поевтини ткаенини. Растегливите модели, според анализите, се покажале како повеќе популарни меѓу оние кои купуваат облека преку интернет, бидејќи им е поважно како ќе изгледаат кога ќе се облечат, за разлика од квалитетот на ткаенината.

Истражувањата, исто така, покажуваат дека купувачите кои одат на шопинг, освен што уживаат во купувањето и разгледување, почесто се одлучуваат за класични и неутрални нијанси со класични кроеви, што не е случај со купувањето онлајн.

Фото: Pexels