ОПЕК го намали производството на нафта во ноември

72

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) го намалија дневното производство на 28,83 милиони барели во ноември, што е за 744.000 барели помалку од октомври, се наведува во декемврискиот извештај на оваа организација.

Во извештајот се наведува и дека земјите од ОПЕК произвеле помалку нафта отколку што беше предвидено со одлуката на земјите-членки во октомври, кога ОПЕК ги намали производните квоти за два милиони барели дневно. Според аналитичарите на ОПЕК, земјите-членки го исполниле договорот за 174 отсто, пренесува Комерсант.

ОПЕК продолжува да се придржува до претходните прогнози за динамиката на глобалната побарувачка на нафта. Според извештајот, глобалната побарувачка во 2023 година ќе се зголеми за 2,25 милиони барели дневно или околу 2,3 отсто. Заклучно со минатиот месец, зачувана е прогнозата за конечниот пораст на побарувачката на нафта во тековната година, за 2,55 милиони барели дневно на годишно ниво.

Во исто време, аналитичарите ги зголемија прогнозите за производство на нафта во Русија за 160.000 барели до 11 милиони барели дневно во просек. Во ноемврискиот извештај, производството на нафта во Русија се зголемило за 69.000 барели дневно.

Западните земји од 5 декември применуваат горна граница за цената на нафтата од Русија од 60 долари за барел. Рускиот претседател Владимир Путин не ја отфрли можноста одговорот на ограничувањето на цената да биде намалување на производството, а OPEC+ одлучи да не го намалува производството како резултат на тоа.