ОПЕК ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта

31

Цените на нафтата паднаа втор ден по ред, повлекувајќи се од едногодишниот максимум, откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) повторно ја намали прогнозата за раст на побарувачката во 2021 година, а Меѓународната агенција за енергетика соопшти дека  понудата на пазарот останува прекумерна.

Северноморската нафта Брент поевтини за 39 центи или 0,6% на 60,75 долари за барел.

Американската нафта WTI падна за 44 центи или 0,8 % на 57,80 долари за барел, продлабочувајќи ја загубата забележана во четвртокот кога цената падна за 0,8 %.

И двата вида нафта, кои важат за глобални одредници за цените на пазарот на “црно злато“, пред само два дена забележаа највисоки нивоа од јануари 2020 година. Според новата проценка на ОПЕК, побарувачката за нафта низ целиот свет ќе се опоравува побавно во 2021 година отколку што се сметаше порано.

Фото: Pexels