ОПЕК ја задржа својата прогноза за раст на побарувачката на нафта во 2025 и 2026 година

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот месечен извештај  објави дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми за 1,3 милиони барели дневно (bpd) оваа година, достигнувајќи вкупно 105,14 милиони bpd.

Се очекува дополнителен раст од 1,4 милиони барели дневно за 2026 година, што би ја довело глобалната потрошувачка до 106,52 милиони bpd. Двете прогнози се непроменети од претходниот месец.

Според проценките, Кина, Индија и другите азиски земји надвор од Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ќе бидат главните двигатели на растот во 2025 година, со околу 1,17 милиони барели дневно дополнителна побарувачка на годишно ниво.