OPEK+ не се откажува од постапното зголемување на производство на нафта

88

Организацијата на земјите извозници на нафта OPEK и нејзините сојузници, групата наречена ОРЕК+ останува до одлуката за постепено зголемување на производството на нафта од први мај, пренесува Ројтерс.

Групата се откажа од планот за одржување на министерски состанок, по седницата на министри на којашто се пренесени движењата на пазарот на нафта.

Министерот за нафта на Кувајт, Мохамед Абдулатиф ал Фарес изјавил дека спроведување на вакцинацијата и носење на мерките за економска поддршка во водечките економии влијаеше на “значителното подобрување“ на глобалната побарувачка за сирова нафта.

Терминската цена на американската WTI нафта за испорака во јуни се зголеми по информациите од состанокот на ОРЕК+ за 51 цент или 0,8% на 62,42 долари за барел на трговската берза во Њујорк.

Северноморската нафта Брент поскапе за 36 центи или 0,6% на 66,01 долар за барел на берзата за фјучерси во Европа.

Фото: Pixabay