ОПЕК постигна компромис со ОАЕ за производна квота на нафта

22

Организацијата на земјите извознички на нафта – ОПЕК постигна договор по скоро двонеделен застој во разговорите за идното ниво на производство на нафта, пренесуваат светските медиуми.

До привремен прекин на разговорите дојде на почетокот на јули поради одбивање на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да го прифатат координираниот план за производство на нафта во рамки на ОПЕК, на чие чело е Саудиска Арабија.

Абу Даби иницијално побара основицата да се зголеми од 3,2 милиони барели дневно на 3,8 милиони.

Поголемиот дел од делегатите на ОПЕК го поддржале иницијалниот договор со којшто се предвидува колективно месечно зголемување на производството на “црното злато“ за по 400.000 барели дневно до крајот на следната година. Со тоа постепено ќе се елиминираат преостанатите ограничувања на производството коишто со договор се воведени минатата пролет, бидејќи цените на нафтата веќе зајакнаа и го достигнаа највисокото ниво од крајот на 2018 година.

Фото: Pexels