OpenAI го затвори кругот на финансирање од 6,6 милијарди долари. Тоа ја проценува успешната компанија за вештачка интелигенција (АИ) на 157 милијарди долари, се вели во вчерашното соопштение. Оваа сума е речиси двојно поголема од проценката на компанијата на почетокот на годината.
Средствата од 6,6 милијарди долари ќе бидат насочени кон истражување, производи и услуги за вештачка интелигенција, како и за компјутерскиот капацитет на компанијата, објави OpenAI, според Форбс.
OpenAI доби средства од Thrive, Softbank и Nvidia. Меѓу инвеститорите е и долгорочниот партнер Мајкрософт, кој според The Wall Street Journal инвестирал нешто помалку од една милијарда долари.