Оперативен стол за Прилепската болница, донација од Витаминка и Прилепска Пиварница

273

vit

Општата болница во Прилеп Борка Талески ќе добие нов оперативен стол, заедничка донација од Витаминка и Прилепска Пиварница во вредност од 12.500 евра. Оперативниот стол е наменет за Одделението за офталмологија и станува збор за неопходна опрема со мултифункционални перформанси.

Двете најголеми прилепски компании се обединија во хуманиот гест да го снабдат ова одделение со нова и мултифункционална опрема и уште еднаш на дело да ја покажат својата општествена одговорност.

„Како компании и како граѓани на Прилеп треба да бидеме свесни за улогата што ја имаме во заедницата и одговорноста што ја носиме како стопански субјекти што потекнуваат пред сè од овој град. Доколку се раководиме од овој мотив, многу состојби може да бидат променети на подобро. Донацијата воедно е манифестација на нашата континуирана грижа за заедницата каде работиме и потребите на нашите сограѓани“, изјавија од Витаминка.

Оперативниот стол е набавен од реномирана компанија, производител на специјализирана медицинска опрема и исполнува една од поголемите потреби на офталмолошкото одделение.

„Овој пат како дел од нашите активности за социјално општествена одговорност се решивме да направиме донација за Прилепската општа болница. Се надеваме дека оваа наша заедничка иницијатива ќе ја следат и други компании и исто така ќе придонесе за подобрување на здравствените услуги на Одделението за офталмологија“, изјавија од Прилепска Пиварница.

op-stol