OPhone – “глупав“ мобилен телефон создаден во Србија

122

ophone telefon

Архитектонското студио Alter Ego Arhitects од Нови Сад дизајнираше “глупав“ мобилен телефон што ѝ пркоси на зависноста од паметни мобилни уреди.

Станува збор за телефонот OPhone, што е малку поголем од кредитна картичка и претставува комбинација од модерна технологија и основните функции на мобилните телефони, пишува Startit.rs.

ophone 1

На овој телефон има E – ink екран, којшто е штедлив кога се работи за потрошувачката, па од таа причина и батеријата трае подолго. E – ink технологијата е прифатлива за очите на корисниците бидејќи го нема синото позадинско осветлување, остава впечаток на хартија поради што изгледа поприродно и лесно може да се управува со телефонот и на силна дневна светлива.

OPhone има едноставен интерфејс, составен само од симболи и броеви, без било каков текст со идеја да биде независен од јазикот. Буквите се прикажуваат само кога корисникот ќе сака да испрати порака.

Поради своите карактеристики, овој телефон може да го користат постарите лица, оние кои не се навикнати на новите технологии, децата во училиште и сите оние кои сакаат да се одморат од нивните паметни телефони.

ophone 2