Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава првиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.
Овој број ќе ги опфаќа следниве теми:
- На што треба да внимаваат потрошувачите кога купуваат храна
- Од каде доаѓа мојата храна
- Нутритивен профил
- Поврзаност на исхраната со јавното здравје и можности за интервенции
- Хемиски опасности во храната и
- МЛЕКО – производ кој не треба да го избегнувате!
Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.