ОПМ го издаде третиот е-билтен Потрошувачите и храната

39

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издаде третиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.

Овој број ги опфаќа следниве теми:

  • Совети – да се заштитиме од труење со храна
  • Акриламид во храната
  • Сурутка – Вашиот извор на протеини
  • Колку чини дебелината?
  • Трансмасти во храната и во севкупната исхрана
  • Исхрана во пролет
  • Кои се најчестите нутритивни тврдења и дали ги разбирате?

Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот кој ќе излага еднаш месечно.