ОПМ го издаде вториот број од својот е-билтен Потрошувачите и храната

39

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година го издава вториот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.

Во овој број можете да прочитате:

  • Означување на органска храна
  • Важноста на јодот во исхраната
  • Што има во вашата кујна
  • Иднината на традиционалните сирења и
  • Трендови на детска дебелина во РМ.

Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот што ќе излегува еднаш месечно.