ОПМ: Потрошувачите најмногу се жалат на производи, кумунални услуги, попусти, интернет купување…

33

kolicki-pixabay

Фото: Pixabay

Најголем број на поплаки на потрошувачите во првиот квартал од 2017 година беа во врска со производи, а потоа за кумунални услуги, останати услуги и општи случаи, каде потрошувачите се жалеа на попусти, рекламации, интернет купување, измами и слично, соопштуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

Кај производите, најголем број на поплаки имаше за техничките апарати, што во континуитет е најчест проблем на потрошувачите. Во овој домен повторно предности имаат проблемите со сервисирање и гаранцијата на мобилните телефони.

Во однос на производите за лична употреба, односно најмногу за обувки и облека, бројни поплаки на потрошувачите пристигнаа за производи кои премногу брзо појавиле недостаток, се одлепиле, избледеле или се скинале при само неколку носења.

Мал број на пријави беа забележани во однос на проблеми на потрошувачите при домувањето, купувањето на храна, и користењето на финансиските или здравствените услуги. Единствено може да се примети пораст на бројот на поплаки за управувањето со станбените згради. Потрошувачите се жалеа дека управителите не ги почитуваат своите обврски од договорот, голем дел од времето тие се без функционален лифт, како и тоа дека зградата е континуирана валкана поради тоа што управителот не праќа редовно служба за чистење.

Во поглед на храната, потрошувачите се жалеа на етикетите на прехранбените производи во време на велигденските пости, конкретно пријавени се производи кои се означени како посни, а во декларацијата е наведено дека може да содржат остатоци од млеко.

Во сите случаи ОПМ ги информираше потрошувачите кои се нивните права и на кој начини можат да ги остварат и ги застапувавме потрошувачите пред надлежните институции во постапките кои се водеа преку ОПМ