Опрема вредна 16 милиони евра за надградба на М-НАВ

35

М-НАВ а.д Скопје, македонскиот систем за воздухопловна навигација, ќе се надгради со нова опрема во вредност 16.150.000 евра.

Од нив 11.150.000 евра за набавка на опремата се обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а со 5 милиони евра сопствени средства учествува М-НАВ. За потребите на проектот ЕБОР ќе обезбеди и грант за техничка соработка во вкупен износ од 600.000 евра.

Кредитот беше потпишан денес од страна на извршниот директор на М-НАВ Николет Тагaрински и Сју Барет, директор на транспортниот тим на ЕБОР, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. М-НАВ ќе го враќа заемот од надоместот што го наплаќа за прелети. Рокот за отплата е 12 години, со грејс период од 3 години. Каматната стапка е еднаква на тримесечен ЕУРИБОР зголемен за 3,75% на годишно ниво.

Проектот претставува прв кредит без државна гаранција одобрен од ЕБОР за транспортниот сектор, наменет за хармонизација на македонската воздухопловна навигација со заедничкиот европски воздухопловен сектор. Со кредитот ќе се врши набавка и инсталација на нов систем за контрола на летање, што ќе треба да биде подготвен да опслужува и до 2.500 прелети дневно и 280.000 на годишно ниво до 2028 година, систем за говорна комуникација, за радиопредаватели, дигитален систем за снимање на говорната комуникација  во контролата на летање, нов радар кај скопскиот аеродором и надградба на постоечкиот радар во Охрид.

“Се очекува според сите најави кон средината на идната година конечно да се отвори небото над Косово, исто така ќе се набави нов АТМ систем, што исто така ќе ја подобри  работата на навигацискиот систем пред се во делот на оптмизација на сообраќајот, а со тоа и скратување на дел од траекториите и до 5 проценти, намалување  на временските загуби. Значи целосна оптимизација на рутите над македонското небо, а со тоа ќе се зголеми и имиџот на компаниите. Овие инвестциии се неопходни со цел да се следат сите европски трендови и целокупната документација за набавката на системот се работи  заедно помеѓу претставниците на М-НАВ ио Еуроконтрол”, рече министерот Јанакиески.

Според извршнiot директор на М-НАВ, Николет Тагaрински, ќе се спроведат седум главни проекти кои  во следните три  години што треба да овозможат зголемување на капацитетите на системот за контрола на летање, подобрување на ефикасноста на услугите и задржување на сегашното ниво на безбедност и негово натамошно подобрување.

“Предвидено е системите да овозможат справување со зголеменото ниво на сообраќај во однос за сегашното  за трипати повеќе за периодот до 2028 година, а пред се да се одговори на предизвикот со отворањето на косовското небо што се очекува за средината на следната година”,  укажа Тагрински.

Kaко што појасни Тагарински, по отворањето на косовското небо , најрезервираните сценарија се дека ќе има зголемување од минимум 20% на бројот на прелети бидејќи воздушните патишта  што се користат сега го заобиколуваат Косово, а со самото тоа  и во голем дел случаи нашиот воздушен простор, и поминуваат низ Албанија и Бугарија.

По основ на надомест од прелети М-НАВ лани наплатила 10,5 милиони евра, а зголемување очекуваат по отворањето на косовското небо.

Директорот на транспортниот систем на ЕБОР Барет оцени дека проектот на М-НАВ ќе ги подобри безбедноста и ефиканоста на услиугите што ги нуди.

“Освен надградба на опремата со него ќе се поддржи и институционално јакнење на службите за воздушна пловидба, преку усогласување со европските стандарди. Ова е четврт наш проект во македонскиот воздухопловен сектор. Кредитите во транспортниот сектор од ЕБОР во Македонија изнесуваат 352 милони евра, што е една третина од вкупните кредити”, наведе Барет.