Општествена одговорност и нејзиното влијание врз бизнисот

37

OOP ceedНајчесто првата асоцијација е дека концептот на Општествена одговорност на претпријатијата (ООП) се однесува за големите и богати компании, но денес тоа е важна тема за управување со бизнисот воопшто. Денес за ООП се добиваат сертификати, се користи како маркетинг алатка, важна е за добивање на бизниси, инвестиции, за подобрување на конкурентноста, особено за компаниите кои сакаат да излезат надвор од македонскиот пазар.

Ова беше констатирано на нетворкинг настанот “Општествена одговорност – бизнисот и хуманоста/филантропијата”, кој неделава се одржа во тренинг центарот на ЦЕЕД Македонија. Специјални гости на настанот беа Никица Кусиникова, извршен директор на Конект, Билјана Гинова, советник за ООП и Климентина Илијевски, координатор на регионалната платформа за активизам Лице в Лице за Mакедонија.

Со присутните беа разгледувани придобивките на ООП од неколку аспекти: однос кон вработените, начин на работење на компаниите со соработници и клиенти, однос кон животната средина, вложување во заедницата.

Стана збор и за поттикнување на ООП преку регионалната платформа Лице в лице. Во рамките на оваа платформа која се спроведува во Србија, БиХ, Косово и Македонија, се издава уличниот магазин Лице в лице. Списанието на македонски јазик е независен медиум кое се појавува еднаш на два месеци на улиците, а го продаваат исклучиво најзагрозените, маргинализирани сограѓани. Промовирајќи активизам, се фокусира на општествено одговорни теми како заштита на животната средина, демаргинализација на групи и поединци, унапредување на животот во градовите, како и прашања поврзани со културниот развој.