Општествените науки и понатаму најатрактивни за идните магистри

61

Вкупно 2.136 лица се запишани на постдипломски студии во академската 2018/2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, 60% или 1.399 се запишани на општествени науки, додека најмал е интересот за биотехнички науки каде има запишано само 1,3% или 32 магистранти.

Ако за пример ги земеме податоците од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што се запишани 766 магистранти, 22% или 172 се на Правниот факултет. Потоа следуваат: Економски факултет со скоро 13% (98 магистранти) и Градежен факултет со 12% (94 запишани магистранти).

Од друга страна, на скопскиот Универзитет само по тројца магистранти има на Факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер и на Факултет за драмска уметност.

Од вкупниот број запишани магистранти, 57% или 1.325 се жени. И кај нив, најголем е интересот за општествени науки, каде што се запишани 811 магистранти, а најмалку има за биотехнички науки каде што се запишани само 16 магистранти.

Фото: Pexels