Општина Дојран објави оглас за поставување на времени објекти

44

Општина Дојран објави оглас за доделување на користење на јавни површини за поставување на времени објекти и сезонска опрема во локалитетот Граничен премин во Стар Дојран.
Предмет на огласување се вкупно пет локации од кои четири со површина од по 20 и една со површина од 40 метри квадратни. На утврдените локации ќе може да се поставува урбана опрема и монтажни објекти со лесна конструкција за продажба на весници, билети, сувенири, кондиторски производи, безалкохолни пијалоци, услужни дејности, како и шпедиторски услуги во функција на корисниците кои транзитираат низ граничниот премин Дојран.
Почетната цена за месечниот надомест изнесува 1.600 денари по метар квадратен со рок на користење од најмногу две години. Понудите треба да се достават најдоцна до 10 февруари преку пошта или во архивата на општината, а право на учество имаат сите правни и физички лица.