Општина Илинден легализираше 2.300 дивоградби

36

g_opstina-ilindenЖителите на Општина Илинден пројавиле масовен интерес за поволностите што ги понуди Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кој за само едно евро за метар квадратен можат да ги легализираат дивоградбите.

Во денешното соопштение на локалната самоуправа  се вели дека општината прифати 6.170 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, а досега се издадени околу 2.300 решенија и согласности.

Со цел да се запознаат граѓаните со начинот на легализацијата, Општина Илинден организираше повеќе трибини кои беа масовно посетени од граѓаните.

Граѓаните на Општина Илинден што не ја комплетирале потребната документација тоа треба да го сторат најдоцна до јуни следната година. Ова најчесто се однесува на геодетските елаборати.