Општина Штип од утре започнува со доставување на 2.500 решенија за наплата на фирмарина за правните субјекти.
Од општината информираат дека висината на фирмарината изнесува околу 6.000 денари и правните субјекти истата треба да ја платат до крајот на годината. Оттаму апелираат до фирмите, фирмарината да се плати што е можно во поскоро време за да може општината да ги реализира предвидените проекти.
Наплатената фирмарина во 2012 година изнесува околу 75% и од околу 1.650 решенија, остварена е наплата на околу 9,9 милиони денари.