Општина Центар и годинава ќе субвенционира 1.111 велосипеди

12

tocak1

Фото: Општина Центар

Општина Центар, четврта година по ред, ќе го спроведе проектот Цел Центар на точак, којшто изминатите три  години се покажа како успешен. Оваа година, општината ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111 велосипеди.

Акцијата ќе се спроведува од почетокот на месец мај, а од буџетот на општината за оваа намена се одвоени два милиони и 800.000 денари. Општина Центар ќе субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да ги достави следниве документи:

– Барање за субвенционирање за купен производ,

– Копија од лична карта,

– Копија од трансакциска сметка,

– Фискална сметка со сметко – потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар. Правото на субвенција е еднократно.