Оптимизам на европските берзи, индексите во пораст по вестите за инфлацијата во САД

Европските берзански индекси денес се во пораст, бидејќи оптимизмот од американските берзи по поволните податоци за инфлацијата во Соединетите Американски Држави се пренесе на азиските и европските пазари.

Податоците за инфлацијата во САД во јули, која беше за 2,7 проценти помала од очекуваната, ги поттикнаа очекувањата дека Фед ќе ги намали каматните стапки на септемврискиот состанок за монетарната политика.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,64 проценти на 24.198,60 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,36 проценти на 9.178,70 поени, францускиот CAC 40 за 0,40 проценти на 7.780,79 поени, московскиот MOEX за 0,2 проценти на 2.983,41 поени.