Глобалната економија најверојатно ќе се врати на нивото од пред пандемијата веќе во следниот квартал.
Тоа е три месеци порано од очекуваното, велат економистите од Morgan Stanley.
Економистот Четан Ахја гледа побрзо враќање на нивото на производство пред Ковид-19, верувајќи дека економијата на САД може да достигне нивоа пред коронавирусот до вториот квартал на следната година, додека целокупните развиени пазари може да го достигнат тоа ниво до третиот квартал од следната година.
“Изгледите за влијанието на Ковид-19 врз економијата драматично се променија, со тоа што повеќето големи економии се способни да ја зголемат економската активност на повисоки нивоа и покрај постојаното ширење на вирусот. Медицинската заедница продолжува да прави добар напредок во борбата против Ковид-19″, рече Ахја.
Фото:Pixabay