Oracle ќе инвестира 100 милиони евра во Романија

18

oracleАмериканскиот производител на софтвер Oracle ќе инвестира околу 100 милиони евра во Романија, соопшти министерот за инфраструктурни проекти, Дан Шова, пренесуваат агенциите.

“Ова е нова инвестиција за проширување на постоечкиот капацитет на Oracle, која ќе изнесува околу 100 милиони евра”, рече Шова. На прашањето дали инвестицијата на Oracle во Романија се однесува на call центарот, министерот одговори позитивно.

Американската група во 2011 година во Романија имаше обрт од 100 милиони евра. Во романските филијали на оваа компанија работат околу 2.500 луѓе. Од Oracle велат дека ќе продолжат да го развиваат своето присуство во Романија.