Orange и Vodafonе со заедничка инвестиција во Шпанија

39

Orange_VodafoneФранцускиот Orange и британски Vodafonе ќе инвестираат до една милијарда евра во заедничка оптичка мрежа во Шпанија која ќе донесе ултрабрз интернет во шест милиони домови, објавија операторите, кои досега беа големи конкуренти.

Со оваа оптичка мрежа тие сакаат да и конкурираат на домашната Telefonica, чија мрежа ја користат 2,2 милиони домаќинства. Заедничката оптичка мрежа треба да опфати до три милиони згради во преку 50 шпански градови.

Vodafone изминатите неколку месеци се најде под притисок да ја купи фиксната мрежа во Европа за поуспешно да им конкурира на групите како Telefonica, во чии понуди за корисниците се наоѓаат пакети услуги на мобилна и фиксна телефонија, пристап до широкопојасна мрежа и ТВ програми.

Orange, огранок на France Telecom, и Vodafone се подготвени да прифатат и трет партнер во овој проект.