Ori – Kit: Кујнски прибор инспириран од оригами

28

0b00834b41f0900a45fbf8a048182acc_original

Фото: Kickstarter

Ori – Kit е кујнски прибор што е инспириран од оригами, а главна цел е да го замени класичниот прибор што ќе им биде од голема корист на вљубениците во природата и авантурите.

Овој прибор е составен од шест делови коишто може да се користат како три големини на лажици, инка и цедалка. Изработени се од тефлон и силикон, поради што се лесни за употреба и за чистење.

Главна задача на корисникот е со себе да го понесе Ori – Kit и да го свитка неопходниот прибор за да си го олесни готвењето на отворено.

Овој иновативен кујнски прибор се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Оттаму бараат финансиска поддршка од 50.000 долари, а на 35 дена до истек на кампањата успеа да собере над 37.800 долари.