Орро нов лидер на кинескиот пазар на мобилни телефони

66

Технолошкиот бренд Орро во јануари оваа година го предводеше кинескиот пазар на паметни телефони со 21% удел. На второ место се најде брендот Vivo со 20%, а потоа следат Huawei, Apple и Xiaomi имаат удел од по 16%. Продажбата на Орро порасна за 33% во однос на декември и за 26% на годишно ниво, покажуваат податоците на Counterpoint Research.

Растот на Орро е поради проблемите со коишто се соочи Huawei, којшто долго време беше лидер на локалниот пазар.

Huawei и Honor продолжуваат да го губат уделот во матичните земји поради потешкотии во набавката на компоненти како резултат на американските санкции, што доведе до претставување на помалку нови модели.

Компанијата троши залихи од клучните компоненти, а поради санкциите не може да набави нови коишто се користат за уреди што поддржуваат 5G технологија. Во исто време, повеќе од 65% од телефоните продадени во Кина во последниот квартал од минатата година, користат 5G.

Huawei недостигот од компоненти го компензира со фокусирање на премиум модели, коишто исто така имаат поголема разлика во цени, но тој потег остава празнина.

Фото: Facebook