Осигурителните компании лани остварија 7,6 милијарди денари бруто полисирана премија

17

Осигурителните компании во Македонија во текот на минатата година остварија бруто полисирана премија од 7.629.423.000 денари, од кои во делот неживотно осигурување е 88,36% или  6.741.094.000 денари, а во животното осигурување остварена е премија од 888.329.000 денари, пишува Миа.

Од 11-те осигурителни компании кои работат на македонскиот пазар, најголема бруто полисирана премија има остварено Триглав 16,98% или 1.144.928.000 денари, на второ место е Македонија со 867.763.000 денари и на трето е Винер со 703.263.00 денари бруто полисирана премија во делот на неживотно осигурување.

Во вкупно остварената бруто полисирана премија најголемо учество или 3.542.856.000 денари се остварени од автоодговорноста на автомобилите, следи осигурување на имот со 917.290.000 денари, потоа каското кај моторните возила со 690.130.000 денари, осгирување од незгода со 580.807.000 денари, осигурување имот од пожари и други непогоди со 460.685.000 денари…

Во делот на животното осигурување најголем удел од 43,32% има Корација која има вкупно бруто полисирана премија од 384.706.000 денари, потоа Граве со 41,83% и вкупно бруто полисирана премија од 371.554.000 денари, 9,37% од вкуната со 83.209.000 денари е Винер, со 5,26% Уника и Македонија осигурување со 0,24% учество во остварената бруто полисирана премија.

Во делот на животното осигурување на македонскиот пазар работат пет осигурителни друштва.