Акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп, донесе предлог одлука за распределба на финансискиот резултат остварен со годишната сметка за деловната 2014 година.
Според оваа предлог одлука, нето добивката по осигурување на живот во износ од 87.671.454 денари ќе се распредели на следниот начин: за резерви на сигурност 29.223.818 денари, за дивиденда 35.155.638 денари, додека како нераспределена добивка отпаѓаат 23.291.998 денари.
Нето добивката остварена со годишната сметка за деловната 2014 година по осигурување неживот во износ од 342.132 денари, како што стои во предлог одлуката, ќе се распореди за покривање на пренесената загуба од 2013 година. Во осигурување живот вкупно пренесената загуба од 2013 година е во износ од 3.497.329 денари. Од добивката остварена со годишната сметка за деловната 2014 година ќе се покрие износ од 342.132 денари, а останатиот износ на загуба во износ од 3.155.197 денари ќе се покрие од акумулирана добивка во неживот.
Компанијата, согласно одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, ќе исплати дивиденда во износ од 35.155.638 денари. Износот на дивиденда за една обична акција е 49 денари, односно 3,968% од номиналната вредност на една акција од 20,084 евра.
Прв ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 24.04.2015 година, додека последен ден на тргување со право на дивиденда ќе биде 21.04.2015 година. Прв ден на тргување, според дивидендниот календар, без право на дивиденда ќе биде 22.04.2014 година. Исплатата на дивиденда ќе започне на 29.04.2015 година.