Осигурување на имот – одличен потег

308
Home insurance concept.

Овој вид на осигурување претставува осигурителна заштита на осигурениот од опасности од провална кражба и разбојништво, од коишто како последица доаѓа до оштетување, уништување или исчезнување на предмети односно ствари. Осигурувањето, според оваа класа на осигурување, може да се склучи на осигурителни покритија кои можат да се сведат на:

  • сума на осигурување (вкупна вредност на стварите што се осигуруваат);
  • сума на осигурување со месечно процентно верижно зголемување на сумата на осигурување;
  • прв ризик и
  • т.н. таксирана вредност.

Овде е важно да се напомене дека кога се склучува осигурување во полисата или во списокот, договорената сума на осигурување се искажува посебно за секој објект, односно организациони делови од објектот. Со заедничките одредби е регулирано прашањето на пресметка на доплата на име откуп на одбитна франшиза и за договарање на осигурување без вградени алармни уреди и други облици на заштита. Кај ова осигурување постои класирање според ризикот. На класирањето влијае:

  • класата на заштитни мерки (автоматски алармни постројки, чуварска служба) и
  • класата на опасност на стоката кај осигурување на резервите (класата на опасност се определува според степенот на изложеноста на опасност на стоките, полупроизводите и готовите производи).

Според условите за осигурување од опасност од провална кражба и разбојништво, предвидена е можност да се договори и повисок износ на име трошоци за поправка и над лимитетите предвидени со условите на осигурување, на градежни објекти, инсталации сл. за штети направени при извршување или обид за извршување на провална кражба, се разбира, за тоа се пресметува доплатна премија.

Исто така, тарифата на премии за осигурување од опасност од провална кражба и разбојништво е регулирано и прашањето на одобрување на попуст на премијата доколку се исполнети особено определени услови со тарифата при што се одобруваат попусти доколку просториите ги чува чувар, со или без контролен часовник, ако во просториите е вграден автоматски алармен уред, како и за пренос на пари до определен износ ако се пренесуваат или превезуваат во куфер со шифра и синџир или во придружба на полнолетни лица.

Тарифата на премии за осигурување од опасност од провална кражба и разбојништво има пет тарифни групи и со секоја од нив се осигурува определен предмет на осигурување.