Осигурувањето најдобро решение за заштита на посевите

21

As-Hibridi_PelagonijaСе уште е многу мал процентот на искористување на државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години.

Само 1.300 Од речиси 105.000 земјоделски стопанства ја искористиле субвенцијата која покрива 60% од трошоците за полиси.

Податоците велат дека досега најзаинтересирани за осигурување на родот се градинарите, лозарите и овоштарите.

Според експертите најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка се ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување.

Тие потенцираат дека сушата и поплавите се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.

За оваа намена годинава обезбедени се 35 милиони денари што е двојно повеќе од лани кога на располагање беа 17 милиони. Право на користење на субвенциите имаат фармерите со максимални површини до 10 хектари за лозови и овошни насади, до два хектара за градинарски култури и за тутун, до 20 хектари за житни култури и до 100 пчелни семејства.