Оскарите низ бројки

124

Очите на светската јавноста ноќва беа вперени кон театарот Долби којшто беше местото на коешто по 92-ри пат се собра светската филмска елита. И нашата земја оваа година има свои достојни претставници на црвениот килим, кои иако не ја освоија златната статуетка, сепак го привлекоа вниманието и испратија моќна порака.

Овој пат ќе се осврнеме на филмските награди низ бројки, со помош на податоците на магазинот Forbes.

149 милиони долари заработи АВС од преносот на Оскарите

130 милиони долари е годишниот приход што Лос Анџелес го инкасира како домаќин на филмските награди

44 милиони долари чинеше целокупната церемонија

15 милиони долари е просечниот приход што најдобриот филм ќе го заработи по добива на златната статуетка

1,5 милиони долари чини просечен трошок за средување и добар изглед на Оскарите

2,6 милиони долари е цената на една реклама во времетраење од 30 секунди за време на преносот (што е 54% помалку одошто реклама на Super Bowl).

105.000 долари е цената на два билети за Vanity Fair – позната after party по Оскарите

24.700 долари чини црвениот килим низ којшто дефилираат бројни ѕвезди од филмската индустрија

400 долари е вредноста на статуетката, којашто нема висока монетарна вредност, но за оние кои ќе ја добијат таа има непроценлива вредност.

31% од годинашните номинации се жени, што претставува највисок процент досега

93 земји се бореа за Оскарот кога станува збор за филм од неанглиско говорно подрачје. Свои номинации оваа година имаа: Полска, Македонија, Франција, Шпанија и Јужна Кореја.

Фото: Facebook