Ослабете јадејќи лубеница

31

lubenica-2-pexels

Фото: Pexels

Ако сакате за кратко време да ослабете, диетата со лубеница е идеална за летните денови.

Телото нема да добива непотребни калории, затоа што во 100 грама лубеница ги има само 30, успешно го прикрива гладот и поволно делува на системот за варење. Освен тоа, лубеницата има сладок вкус којшто може многу да помогне кога ќе почувствувате желба за благо.

Диетата се држи од девет до 13 дена.

Првиот ден јадете само лубеница. Во следните шест до десет дена за појадок се јаде чинија овошни снегулки со млеко или јогурт, за ужина две до три резанки лубеница, за ручек пилешко филе, риба или немасно парче говедско месо, салата од било каков зеленчук, а за вечера две до три резанки лубеница.

Откако ќе ја завршите диетата заменете ги сите сокови со обична вода и лубеница.

Предности на диетата

Лесно ќе го контролирате гладот затоа што ќе јадете големи количини.

Резултатите се брзо видливи.

Освен што ќе изгубите килограми, ќе го прочистите и организмот.

Недостатоци

Не е дозволена за дијабетичари и за луѓе со бубрежни и уринарни проблеми.

Многу е ригорозна.

Тежината се губи поради исфрлување на вода од организмот.

Ако по диетата се враќате на старите навики голема е веројатноста за јо-јо ефект.