Ослабна вредноста на доларот

38

Вредноста на доларот во однос на најмоќните валути на светски пазари се намали по двенеделен раст.

Индексот на доларот, што го следи движењето во однос на шесте најважни светски валути, се намали за 0,63% на 90,45 поени. Доларот во однос на јапонската валута се намали за 0,45% на 104,93 јени.

Американската валута ослабна и во однос на европската, па цената на еврото се зголеми за 0,6% на 1,2118 долари.

Падот на доларот се должи на склоноста на ризик на финансиските пазари, благодарение на оптимизмот на инвеститорите поради монетарните и фискални мерки за поддршка на американската економија, како и силната добивка на компаниите.

Фото: Freepik