Осло го доби првиот “автопат“ за пчели и бумбари

69

FRANCE-ANIMALS-NATURE-BEE

Во норвешката престолнина е отворен првиот “автопат“ за пчели и бумбари. На овој начин се настојува да им се помогне на овие инсекти да преживеат во градските средини, пишува Russia Today.

Автопатот е осмислен како коридор, каде што на секои 250 метри ќе бидат поставени станици со полен.

“Идејата е да се креира пат низ градот со доволно станици за храна. Доволните количина на храна ќе им помогнат на бумбарите да преживеат во окружувањето, што е под силно влијание на човекот“, изјави Тони Вактар од организацијата Оslo Garden Society.

Поради сè поголемата урбанизација, пчелите се соочуваат со недостиг од храна. Но, со повеќе проекти се прават обиди да се намали угинувањето на овие корисни инсекти.