Осло планира да забрани движење на автомобили во центарот од 2019 година

43

oslo

Градските власти на норвешката престолнина планираат да го забранат движењето на автомобилите во центарот на градот од 2019 година, како дел од планот за намалување на емисијата на штетни гасови, пишува Guardian.

Работничката партија, заедно со левичарските социјалисти и Зелената партија, кои победија на општинските избори во септември во Осло, ја претставија платформата којашто се фокусира на животната средина и има задача да се бори против климатските промени.

Програмата вклучува забрана за движење на приватни возила во центарот на градот, каде што живеат само околу 1.000, но работат околу 90.000 луѓе.

Новите градски власти не открија повеќе детали околу начинот на којшто ќе биде имплементиран овој план. Но, оваа одлука ги загрижи локалните бизнисмени кои велат дека 11 од вкупно 57 шопинг центри ќе бидат дел од зоната без автомобили.

Француската престолнина воведе делумна забрана за возење и донесе одлука јавниот превоз да биде бесплатен за сите граѓани, со цел да се намали загадувањето на воздухот.

И германскиот град Хамбург во борбата против аеро загадувањето планира да се вклучи со изградба на велосипедска, пешачка и инфраструктура за јавен превоз со што ќе се намали потребата за користење на автомобилите.